фото: EPA-EFE/ROBERT PERRY

Селтик оштетен против Брага? Роџерс бесен на ВАР-одлуката

Фудбалерите на Селтик се чувствуваат жестоко оштетени по поразот од Брага со 2:0 во Лигата на шампионите. Тимот на Брендан Роџерс постигна погодок за израмнување преку Келечи Ихеаначо на почетокот од второто полувреме, но истиот беше поништен.

Судијата процени дека напаѓачот играл со рака, а и покрај долгиот преглед на ситуацијата, ВАР не ја смени одлуката. На снимките се гледа дека топката го погодува Ихеаначо во главата и дека не ја менува насоката покрај неговата рака, што дополнително ја разлути клупата на Селтик.

„Не ми е јасно зошто судијата не беше повикан да ја прегледа ситуацијата лично. Да израмневме на 1:1, натпреварот ќе одеше во сосема друг правец. Никаде не се гледа контакт со рака. Гледаа неколку пати во ВАР собата, затоа и траеше прекинот, но одлуката остана. Јасно е како ден – грешка на судијата. Токму затоа постои ВАР, да исправи вакви неправди“, изјави бесниот Роджерс.

Брага до крајот постигна уште еден гол и го затвори натпреварот, но впечатокот остана дека Селтик беше сериозно оштетен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот