
ВИДЕО | Селмани: Ако Али Ахмети се повлече од лидерското место, прашање е дали ДУИ ќе опстои
ДУИ ја започна кариерата како политичка партија како движење на бунтот на граѓаните со албанско потекло, па нивниот подем беше очекуван и тие се најконтинуитетната партија во последните 20 години.
Препорачано
– Во јавноста се поделени мислењата дали ДУИ е ДУИ само со Али Ахмети. Повеќето Албанци во Македонија сметаат дека ако Ахмети се повлече од лидерското место на партијата тоа ќе се одрази на ДУИ во смисла на тоа дека ќе се разбудат политички амбиции. Сме го виделе тоа. Црвенковски замина од СДСМ, а Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ но овие партии го преживеаја тоа. Од друга страна, со заминувањето на Арбен Џафери неговата партија ДПА претрпе сериозни последици во смисла на популарноста кај гласачите, коментира Имер Селмани, поранешен министер и претседателски кандидат за Утрински брифинг.
Селмани коментира дека ако помалите партии на Албанците во Македонија научат да соработуваат меѓу себе, тогаш е можно обединувањето на партиите да доведе до симнување на ДУИ од оваа позиција што ја има последниве 20 години.
Проследете го целиот разговор во видеото
ВИДЕО | Селмани: Власта по некое време корумпира, а ДУИ е предолго на власт