Фото: Инстаграм/Вил Смит

„Селфи“ со Вил Смит за 350 долари: Актерот тргнува на турнеја, но однапред ги разочара фановите со цените

Американскиот актер и музичар Вил Смит го најави своето враќање на музичката сцена ова лето со турнеја под наслов „Засновано на вистинска приказна“ (Based On A True Story). Покрај песните од новиот албум, публиката ќе може да ги слушне и неговите стари хитови, како „Miami“ и „Gettin’ Jiggy Wit It“. Но, многу фанови беа прилично изненадени од цените, а еден детал дури и ги шокираше некои од нив.

Најмногу се зборува за ВИП влезниците, чии цени достигнуваат дури 1290 фунти (околу 1510 евра), а во таа цена се вклучени пристап до тонската проба, обиколка на бината и постер со автограм. Оние кои ќе посакаат, ќе можат и да се фотографираат со Смит, но таа чест ќе ги чини дополнителни 400 фунти. Да, добро прочитавте – за фотографија со „принцот од Бел Ер“ ќе треба да издвоите околу 350 евра.

Турнејата започнува на 25 јуни во Мароко, а завршува на 2 септември во Париз. Оваа концертна турнеја доаѓа по подолга музичка пауза и контроверзата на доделувањето на Оскарите во 2022 година, кога Смит го удри комичарот Крис Рок на сцената. Иако таа вечер ја освои наградата Оскар за најдобар актер, инцидентот фрли сенка врз неговиот успех.

Фото: Инстаграм/Вил Смит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот