Фото: Профимедиа

Секој македонски граѓанин во просек должи околу 2.300 евра во банка

Компаниите и граѓаните на банките во април вкупно им должеле 8,268 милијарди евра, a околу половина од ова е долгот на граѓаните, кој изнесува 4,168 милијарди евра, што значи дека во просек секој македонски граѓанин во банка должи околу 2.300 евра. Компаниите должат вкупно 4,056 милијарди евра во банките.

Вкупните депозити, пак, изнесувале 9,771 милијарди евра, од кои 6,644 милијарди се депозити на граѓаните, покажуваат податоците кои ги објави Народната банка.

Граѓаните во април најмногу се задолжувале со потрошувачки и станбени кредити. Тие бележат месечно зголемување од 0,9% односно од 1,1%,и годишен раст од 9,1% и 14%.

Во април, автомобилските кредити забележале раст на месечна и на годишна основа за 0,4% и 2,3%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечен раст од 0,3%, при годишен пад од 7,9%. Негативните салда на тековните сметки, во април, забележаа месечно намалување од 9,3%, во услови на годишен раст од 0,1%. Во април, кредитите одобрени врз други основи бележат месечен и годишен пад од 2,3% односно 9,0%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот