фото: Џудо Клуб „Сеишин“

Сеишин Прилеп со пет медали на меѓународниот турнир во џудо во Србија

На 6 октомври во Бор, Србија се одржа меѓународниот турнир во џудо „Среќно-2024“ во организација на ЏК „Бор“ – Србија.

На овој турнир настапија вкупно 35 клубови од три Држави и 290 натпреварувачи.

Македонскиот џудо клуб Сеишин Прилеп зеде учество со пет натпреварувачи, а освоени се исто толку медали од кои два златни и три бронзени.

Први места освоија Дила Пупаловиќ и Марко Ацески, а на третата позиција се најдоа Матеја Николоска, Тамара Илиоска и Теодора Илиоска.

Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Сашо Димовски. ЏК Сеишин-Прилеп продолжува со подготовки и учества на меѓународен план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот