фото: Е. Пелистер

Сефте за Е. Пелистер во Лига на Европа, му наплати со камата на Тримо Требње

Ракометарите на Е. Пелистер конечно во петтиот натпревар ја забележаа првата победа во Лигата на Европа. Пелистерци во Битола со 33:26 го совладаа Тримо Требње и му се реваншираа за поразот од претходното коло, а притоа конечно прикажаа игра која фановите ја очекуваат од нив.

Најавите на тренерот Жељко Бабиќ дека вечерва ќе настапи „еден друг“ Е. Пелистер се остварија, ги немаше грешките од претходниот натпревар и покажаа дека заслужуваат повеќе од три бода на своето салдо, колку што имаат по пет одиграни кола.

Воведните минути им припаднаа на гостинските ракометари кои имаа гол предност се до контранападот на Маџовски со кој битолчани за прв пат поведоа (5:4). Оттогаш избраниците на тренерот Бабиќ ги презедоа работите со своите раце и на полувремето веќе имаа шест гола предност (20:14). Во второто полувреме, благодарение на одличната игра во одбраната, битолчани рутински ја одржуваа предноста од шест до осум гола за во самиот финиш да дојдат и до највисоките девет гола разлика (33:24). Опуштањето во последните минути им дозволи на гостите само да го ублажат поразот.
Стипе Мандалиниќ беше убедливо најдобар ракометар на теренот постигнувајќи дури 11 гола, Кусан даде шест, Маџовски и Граѓан четири, а по три гола дадоа Костески и Велковски. Во редовите на Тримо Требње најрасположен за игра беше Расо со осум гола.

фото: Е. Пелистер

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!