Фото: EPA-EFE/ANDREAS SOLARO / POOL

Папата Франциск: „Сè уште жив“, но имам многу заразна и акутна форма на бронхитис

Папата Франциск рече дека има многу заразна и акутна форма на бронхитис што го спречи да отпатува во Дубаи на климатскиот самит КОП28, но се пошегува дека е „сè уште жив“.

Папата, кој во декември наполни 87 години, во последниот период имаше голем број здравствени проблеми. Неколку пати беше хоспитализиран, последен пат во јуни. Но, тој сè уште работи и се среќава со луѓе.

„Како што можете да видите, сè уште сум жив. Докторот не ме пушти да одам во Дубаи. Причината е што таму е многу топло, од жештина се оди на клима и (не е згодно) во оваа ситуација со бронхитис. Му благодарам на Господ што не е пневмонија. Тоа е акутен, заразен бронхитис“, рече тој.

Папата Франциск рече дека нема треска, но зема антибиотици, потврдувајќи го соопштението на Ватикан во средата.

Секретарот на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин, во средата изјави дека очекува тој да ја предводи делегацијата на Ватикан на климатскиот состанок во Дубаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот