
Седум члена на ултралевицата се изведени пред судија за антитероризам во Франција
Седум члена на ултралевицата осомничени дека сакале да подготват насилна акција денес беа изведени пред истражен судија со цел да се покрене обвинение за „терористичко здружување”, јави дописникот на МИА.
Препорачано
Според судски извор, девет лица биле уапсени во вторникот во регионот на Париз, во метрополитенската област Тулуз и во Дордоња, како дел од судската истрага отворена во април. Двајца од нив беа ослободени без да биде подигнато обвинение против нив во овој момент. За време на претресите се пронајдени оружје и производи што може да се користат во експлозивни направи, тврди извор запознат со изтрагата.
Сепак, сè уште е рано да се каже дека овие луѓе сакале да ја нападнат полицијата, изјави извор запознат со истрагата.
Пред овој случај, последното познато делување на антитерористичкото правосудство поврзани со ултралевицата датира од аферата Тарнак во 2008 година, поради сомневање за саботажа на линиите на брзиот воз ТГВ. Но, терористичките квалификации, предмет на жешка дебата, судовите ги напуштија пред судењето. На крајот на 2017 година, преземањето на одговорноста од ултралевичарските групи за три пожари во касарни на жандармеријата предизвика загрижени изјави на извршната власт за можно повторно оживување на терористичките склоности од ова движење. На почетокот на 2020 година, обвинителот од Гренобл залудно бараше анти-терористичкото обвинителство да преземе истрага за акциите за кои одговорноста била преземена од ултралевицата, односно за петнаесетина пожари во неговиот регион извршени за три години, насочени кон жандармеријата и разни институции (градско собрание, црква, јавни услуги).
Извор:МИА