Се затвора Агенцијата за нуклеарна технологија, последните пари што ги потрошиле биле за теписи

Собранието почна процедура да се затвори македонската Агенцијата за нуклеарна технологија формирана во 2010 година. За нејзиното постоење имаше и закон донесен во 2010 година, на предлог на тогашниот министер за образование Никола Тодоров. После 14 години дојдено е до заклучок дека постоењето на Агенцијата е непотребно, а секоја година до сега од буџетот биле плаќани пари за хонорари на членовите на управниот одбор.

Медиумите известуваа дека оваа Агенција се прослави во „бомбите“ на опозицијата во 2015 година, кога на дел од телефонските разговори се слушаше како место научници и физичари, се вработувале партиски луѓе.

Првичниот план кој не се оствари беше Агенцијата да учествува во научните програми на Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН, во неа да има инженери, научници кои ќе работат на проектите на ЦЕРН и да соработува со македонските и странските организации за нуклеарни технологии.

Агенцијата имала канцеларии во зградата карши Уставен суд до Советот за јавни обвинители. Последните пари што ги потрошиле биле 2.5 илјади евра за теписи во мај 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот