Дражен Петровиќ / Сања Долежал / Фото: SanoianDesigns DeviantArt Printskrin Fejsbuk

Сè започнало како маркетиншки трик, а потоа станале омилен пар: Дражен Петровиќ трагично го загуби животот на 29 години, а таа занемела од тага

Хрватската пејачка Сања Долежал поради маркетинг запловила во врска со легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ, а потоа меѓу нив се родила вистинска љубов и станале еден од најпознатите парови во хрватската историја.

Групата „Нови фосили“ беше исклучително популарна во осумдесеттите години и за секој нивен концерт се бараше карта повеќе, но менаџерот Зоран Шкугор сметал дека тоа не е доволно за да останат на врвот, па одлучил да смисли дополнителна атракција.

Имено, пејачката Сања Долежал ја запознал со познатиот кошаркар Дражен Петровиќ, за кој фантазирале многу млади дами, со цел двајцата да започнат романса. Соединувањето на нив двајца првично било само маркетиншки трик кој требало да им го обезбеди медиумското внимание, никој не се надевал дека овој трик ќе се претвори во вистинска и искрена љубовна приказна.

На првата средба на Сања Долежал со Дражен дошле мајката Бисерка и таткото Јован. По инструкции на Зоран Шкугор, Сања почнала да оди на натпреварите на Цибона, а тој на нејзините концерти. На еден од натпреварите, фоторепортерите го снимиле само нејзиното навивање за Дражен.

Меѓутоа, малку по малку Сања и Дражен навистина почнале да се допаѓаат еден на друг и навистина започнале врска, а заедно останале околу една година.

Не се криеле од јавноста. Шетале рака под рака, прегрнати на плоштадот… Загрепчани им приоѓале, велејќи им дека се прекрасен пар, посакувајќи им брак, деца, среќа… Биле и чести гости на загрепските ресторани, а излегувале и во култниот клуб „Салун“.

 – На еден од натпреварите на Цибона фоторепортерите ја снимаа само неа како навива за Дражен. Сите се прашуваа дали Сања и Дражен се заедно, а бидејќи двајцата си се допаднаа еден на друг, започнаа врска која траеше речиси една година. Не се криеја од јавноста. Кога беа слободни шетаа за рака на Штросмаеровото шеталиште или прегрнати на плоштадот. Луѓе им приоѓаа и им велеа дека се прекрасен пар, им посакуваа брак, деца, среќа…  – раскажал Шкугор.

– Тогаш имав 22 години, а во тие години кога се сака, вистински се сака – пред неколку години раскажала Сања Долежал.

Дражен бил маѓепсан од Сања. Како и таа од него. И двајцата биле млади, популарни и слободни. Девојките трчале по Петровиќ, момчињата лудувале по Сања, но тие двајца таа година живееле еден за друг. Знаеле како да се справуваат со товарот на славата. Одлично се разбирале и немало место за љубомора. Но, раздвоеноста го направила своето. Дражен играл кошарка низ светот, а Сања имала по 200 концерти годишно.

Емоциите стивнале, а во 1986 година ја раскинале врската. И по разделбата останале блиски и се дружеле како пријатели. Останале во добри односи и се почитувале. Петровиќ и понатаму доаѓал на нејзините концерти.

За жал, овој однос го прекина трагедијата. Дражен загина во тешка сообраќајна несреќа во 1993 година, на само 29-годишна возраст, а Сања никогаш не криеше колку ја погодила неговата смрт.

„Кошаркарскиот Моцарт“ трагично загина на врвот на својата слава, на 29-годишна возраст, во близина на Денкендорф, враќајќи се од Полска, каде играше за репрезентацијата на Хрватска против Словенија во квалификациите за Европското првенство.

– Беше навистина посебен. Страшно го доживеав неговото заминување. Сè уште ми е тешка помислата дека повеќе го нема. Се сеќавам на нашата последна средба на еден концерт – рекла Сања.

Вистинската љубов Сања ја пронајде покрај Ненад Шариќ, тапанарот на „Нови фосили“, со кого остана сè до неговата смрт. Се венчаа во 1994 година, нивниот брак траеше 19 години, а заедно добија две деца, синот Лука и ќерката Леа.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот