Фото: илустрација

Се запалило „БМВ“ во Кисела Вода, огнот се проширил на две други коли

Автомобил „БМВ“ вчера се запалил во скопската населба Кисела Вода, а пожарот се проширил врз две други коли, по што морале да интервенираат пожарникарите, соопшти МВР.

„Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(47) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот