Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Се уште не се процесуираат кривичните на Бојан Јовановски, ќе се поднесат уште 20-тина пријави

Кривичните пријави кои до Основното јавно обвинителство на почетокот на летото ги поднесе осудениот во „Рекет“, Бојан Јовановски, тапкаат во место. Според адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски, причина за одолговлекување на процесот е здравствената состојба на неговиот клиент.

– Ние се договоривме со обвинителот кому ги доставувавме пријавите, најпрвин да завршиме со самото поднесување на сите кривични пријави, но во меѓувреме се случи операцијата на Јовановски и ќе продолжиме во првиот момент кога ќе му се подобри ситуацијата. Досега се поднесени околу десет, а вкупно се меѓу 30 и 40, изјави Дуковски за Слободен печат.

Давање лажен исказ, злоупотреба на службена положба, тортура, незаконито влијание се само дел од кривичните пријави, кои Бојан Јовановски ги има поднесено во ОЈО-Скопје. Неофицијално, пријавите се адресирани и кон функционери, но неговиот адвокат не откри имиња, единствено вели дека докази има.

Јовановски претходно неколкупати одби, како што истакна, доказите што ги поседува да ги предаде на заменичката на обвинителката Вилма Русковска. Тој пријавите ги најави уште на 18-ти јуни, при изрекувањето на пресудата за случајот „Рекет“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот