Фото: Општина Кисела Вода

Се уредуваат паркинзите и патеките во Расадник и 11 Октомври

На површина од над 1000 метри квадратни во Расадник и во 11 Октомври кај зградите се уредува просторот и конечно, овие населби, како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе добијат урбан и модерен лик.

Во изминативе неколку дена се изведуваа градежни активности за обезбедување нови паркинг места во 11 Октомври – згради, со што се реши еден од поголемите проблеми со кој се соочува жителите од оваа населба. Со павер елементи ги уредивме и пристапните пешачки патеки, оние старите, оштетени и дотраени ги заменивме со нови. Со ова, комплетно се менува сликата на населбата и веќе наликува на она што е наша замисла, но и желба на граѓаните – вели Ѓорѓиевски.

Кај кулите во Расадник пак, се градат нови и се обновуваат постоечките пристапни патеки, влезовите и патеките помеѓу зградите, но се обновува и проширува и зеленилото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот