Сидни Свини и Глен Пауел - Фото: Fifty-Fifty Films Olive Bridge Entertainment Roth-Kirschenbaum Films Sony Pictures Entertainment (SPE) - Album / Album / Profimedia

Се шират гласини дека Сидни Свини е во врска со колегата Глен Пауел: Неговата мајка ја откри вистината

Мајката на актерот Глен Пауел, Синди, ги демантираше гласините дека нејзиниот син е романтично поврзан со актерката Сидни Свини по нејзиното разделување од нејзиниот вереник, филмскиот продуцент Џонатан Дејвин, пренесува „Пејџ Сикс“.

„Тие дефинитивно не се заедно“, рекла Синди, нарекувајќи ги „глупави“ шпекулациите за нивната врска.

„Нема ништо зад затворени врати“, додаде таа.

Ѕвездите на „Секој освен тебе“ (Anyone But You) го поминаа викендот заедно во Далас, Тексас, за да ја прослават венчавката на помладата сестра на Пауел, Лесли, за која Синди вели дека е блиска пријателка со Свини. “Ја сакаме Сидни. Ја сметаме за многу, многу добра пријателка”, рекла мајката на славниот актер и додала дека одамна ја немале видено.

Фотографиите на Свини и Пауел ги наведоа корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат дали нивното пријателство се претворило во романтична врска. Многу фанови навиваа за него откако филмот „Секој освен тебе“ беше објавен во 2023 година.

Сепак, јасно е дека Свини не присуствуваше на свадбата како придружба на Пауел. Синди рече дека Свини одамна го потврдила доаѓањето на настанот и ја донела својата најдобра пријателка како придружба откако раскинала со нејзиниот вереник.

Иако Свини и Пауел одлично се согласуваат, Синди сугерираше дека нема простор за романса меѓу нив бидејќи ако сакаа да бидат заедно, досега ќе беа заедно. Таа на крајот нагласи дека љубовниот живот на двојката не е нејзина работа и дека го сака она што е најдобро за секого.

Што се однесува до нејзиниот син, таа би сакала тој да заврши со некој што го сака безусловно и кого тој го сака исто толку. Сепак, таа призна дека актерот моментално е премногу зафатен за да го посвети своето целосно внимание на тоа. „Тој е семеен човек. Тој сака семејство и сака да е среќен до крајот на животот. Едноставно сега не е моментот за тоа“, заврши таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот