profimedia

Се продава фустанот во кој принцезата Дајана танцувала со Џон Траволта (ФОТО)

Фустанот кој принцезата Дајана го носела кога танцувала со Џон Траволта на свечената вечера во Белата куќа, на 9 декември повторно ќе биде понуден на аукција, извести лондонската аукциска куќа „Кери Тејлор“.

Profimedia

Долгиот темно син фустан со отворени рамена, кој го дизајнирал Виктор Еделстајн, леди Ди го носела во тек на посетата на САД во 1985 година на свечената вечера, која ja приредил тогашниот американски претседател Роналд Реган.

Profimedia

Вниманието на јавноста Дајана го привлече кога во тој фустан заигра на подиумот на Белата куќа со Џон Траволта. Сопственичката на аукциската куќа тврди дека принцезата Дајана пред патувањето во САД имала само една желба – да заигра со познатиот глумец.

 

Фустанот, кој на принцезата ѝ беше многу мил и го имаше облечено неколкупати, веќе е продаден на аукција во 2013 година за 240.000 фунти на анонимен купувач, кој сакал да ја изненади својата сопруга.

Се проценува дека фустанот на 9 декември ќе биде продаден за 250.000-350.000 илјади фунти.

На истата аукција ќе бидат понудени уште два фустани на Дајана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!