
Се претставуваше како кошаркар на Жалгирис и украде 10.000 евра!
Литванскиот кошаркарски клуб Жалгирис оваа сезона бележи доста солидни партии во Евролигата, а еден од најзаслужните за тоа е младиот Рокас Јокубаитис (20). Со самото тоа, литванскиот кошаркар ужива големо внимание во својата родна земја, а ваквата ситуација се обиде да ја искористи еден млад човек.
Препорачано
Јавно се претставуваше како Рокас Јокубаитис, а на оваа измама „падна“ девојка од која успеа да украде околу 10.000 евра. Сомнежите се дека таа не е единствената жртва.
Приказната започнува со тоа што младиот човек направи профил на социјалната мрежа „Тиндер“, каде се поврза со споменатата девојка, која се согласи да се запознаат двајцата во живо. Лажниот Рокас Јокубаитис всушност бил млад човек по име Виктор Бабаев.
Тој се појави на првиот состанок во автомобил „Фолксваген Артеон“ со логото на Жалгирис, а интересно е што истиот модел го возеше сега веќе поранешниот тренер на овој тим, Шарунас Јасикевичиус. Носеше клупска тренерка, а му помогна и тоа што неговиот лик многу потсетува на Јокубаитис, па девојката поверувала во целата приказна.
„Лажниот Јокубаитис“ постојано ѝ праќаше снимки од тренинг, од Арена, тимски патувања..
По два месеци, тој ја замолил да му помогне со некои проблеми кои ги имал при плаќањето на даноците и таа му позајмила 10 илјади евра во кеш. Но, девојката веќе почнала да се сомнева и открила дека човекот со кој се дружел не бил Јокубаитис, туку измамник. Бабаев дури тврдеше дека нејзе ѝ треба психијатриска помош.
Сето ова ја принуди оваа девојка да го пријави случајот во полиција, па Бабаев беше уапсен на 12 декември во Литванија за измама.