
Се предаде на полицијата Гоце Трајковски, клучен сведок во предметот за Вања, баран со потерница за палење кафуле
Еден од клучните сведоци во судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој беше во бегство и осомничен за палење кафуле, денеска сам се предал во полициска станица Кисела Вода, каде уште е на распит, потврдија од МВР за „Слободен печат“. По него беше распишана потерница.
Препорачано
Тој на 15 ноември требаше да сведочи за неговата улога во потрагата по Вања, но не се појави во судницата поради панични напади.
Трајковски е сведокот кој водел истрага со таткото на Вања и заедно трагале по неа. Собирале и прегледувале снимки. Неговата мајка Кираца Трајковска, поранешна директорка на „Фершпед“ која исто така беше сведок, кажа дека тој имал здравствени проблеми. Подоцна се дозна од Обвинителството на брифинг, дека тој има и својство на осомничен за подметнување на пожар, бидејќи според податоците оттаму, на 13 ноември со уште три лица, запалиле кафуле кое било лоцирано во зграда во Кисела Вода.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
56мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5