
Се омажи Викторија Лоба: Пејачката објави фотографија од венчавката на Канео
Во април 2019 година, Викторија ја прифати понудата за брак од нејзиниот партнер Ѓорѓи. На раката на пејачката заблеска голем дијамантски прстен, но плановите да ја озаконат нивната долгогодишна љубов беа одложени од пандемијата на коронавирусот.
Нашата позната пејачка, Викторија Лоба на својот инстаграм – профил објави прекрасна фотографија на која се бакнува со својот долгогодишен партнер, бизнисменот Ѓорѓи Калешов.
Препорачано
На зајдисонце, пред црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид пејачката заедно со својот партнер се заколнаа на вечна љубов. Лоба изгледа бајковито во прекрасна венчавица со долг вел креација на македонската дизајнерка Моника Коцарева Ергиќ. Косата на пејачката е стилизирана во интересна пунџа во плетенки, а целиот изглед е надополнет со романтичен бидермаер од бели рози.
View this post on Instagram
Сопругот на Лоба, Ѓорѓи е стилизиран во спортско-елегантно сиво палто, сина колуша, панталони и патики. Пејачката ја прифати понудата за брак од нејзиниот догогодишен партнер уште пред три години, но пандемијата ги одложи нивните планови да ја озаконат нивната љубов.

Покрај заедничката фотографија Лоба објави уште еден романтичен момент од нивната црковна венчавка. Пејачката сподели фотографија од бели гулаби кои седат еден покрај друг, а притоа овие прекрасни птици се симбол на љубовта, мирот и слободата.
Пред неколку месеци, Татјана Луговаја, мајката на пејачката го кажа судбоносното „да“ исто така во Охрид, во црквата Света Софија.
View this post on Instagram
На прославата на Татјана и нејзиниот избраник присуствуваа најблиските пријатели и семејството, а невестата носеше бела венчаница и бел долг вел. Прекрасно стилизирани беа и девериците во нежно сини фустани, меѓу кои и Викторија.