
Откриени детали за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга: На полицијата ѝ требале 12 часа да ги идентификува телата, во тек е активна истрага
Двократниот добитник на Оскар, актерот Џин Хекман (95), и неговата сопруга Бетси Аракава (63) се пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе.
Препорачано
Канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе објави дека актерот и неговата сопруга биле мртви „најмалку еден ден“ пред полицијата да ги пронајде нивните тела. Биле потребни 12 часа да се утврди дека се работи за актерот и неговата сопруга. Телата биле откриени во средата попладне, но полицијата успеала да ги идентификува дури во четвртокот наутро.
Веста дека легендарниот актер Џин Хекман (95) и неговата сопруга Бетси Аракава (64) се пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе растажи многумина, а сега се огласи и шерифот на таа област.
„Не ја исклучуваме можноста за криминална активност“, изјави шерифот Адан Мендоза за „ТМЗ“.
Неговите заменици одговорија на повикот во средата и дојдоа во имотот на Хекманс. Кога влегле во куќата ги нашле безживотните тела на двократниот оскаровец и неговата сопруга. До нив е пронајдено телото на едно од трите кучиња – другите две преживеале.
„Кога ги пронајдоа телата, полицајците се повлекоа од куќата и побаравме налог за подетален претрес“, рекол Мендоза, додавајќи: „Вообичаена практика е за време на истрагите за смртта да се бара налог под претпоставка дека ќе се најдат докази за кривично дело, што покажува дека се почитува стандардна процедура.
Според него, екипи од гасната компанија и противпожарната служба се исто така долу на имотот на Хекман за да се уверат дека нема отровни испарувања што би ги загрозиле полицајците за време на нивната истрага.
„Замениците утврдија дека телата се таму најмалку еден ден… Не исклучуваме ништо, иако на телата нема видливи повреди. Може да се работи за двојно убиство, самоубиство, случајна или природна смрт, ништо конкретно во овој момент не можеме да кажеме. Не знаеме што ќе биде со двете преживеани кучиња, за сè ќе ја информираме јавноста кога ќе имаме повеќе информации“, заклучил шерифот.
Легендарниот Џин Хекман, сопругата и нивното куче пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе