
Се огласи патолог за мистериозната смрт на Џин Хекман и сопругата: Го отфрли сомнежот за двојно самоубиство
Легендарниот актер Џин Хекман беше пронајден мртов на 27 февруари во неговиот дом во Ново Мексико заедно со неговата сопруга Бетси Аракава и нивното куче, објави тогаш полицијата во Санта Фе.
Препорачано
Случајот сè уште е под истрага и додека се бараат бројни одговори за точната причина за нивната смрт, познатиот патолог Џејмс Гил го искажа своето мислење за случајот и нагласи дека ја отфрлил можноста за двојно самоубиство, пренесува „Пипл“.
„Сум видел такви случаи – тие обично се заедно во кревет. Фактот што се на две одделни локации ми кажува дека мислам дека тоа е помалку веројатно”, рекол патологот, додавајќи:
„Со оглед на првичните околности, се чини дека тој колабирал – тој имал историја на срцеви заболувања. Имал пејсмејкер. Така што тоа не би било невообичаено. Фактот дека тој се движел е исто така важен, бидејќи понекогаш ќе видиме случаи кога некој е врзан за кревет и можеби има деменција, а потоа неговиот негувател умира од природен настан, па нема кој да се грижи за него, а потоа може да умре од дехидрација или нешто слично. Мислам дека тоа не е случај во ова“.
Шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза изјави дека е утврдено дека пејсмејкерот на Џин Хекман се исклучил на 17 февруари, девет дена пред да бидат пронајдени телата на холивудската двојка. На тоа прашање, патологот одговорил дека поновите модели на пејсмејкери може да го потврдат времето на смртта на пациентот, во случајов на актерот, но дека смртта на неговата сопруга не се вклопува во таа приказна.
„Како времето на неговата смрт е поврзано со неговата сопруга? Кога таа умрела? Мислам дека тоа е малку сива зона“, истакнал тој, а потоа се осврна на причините за смртта на кучето.
„Мислам дека тоа лесно може да се објасни со недостаток на храна и вода. Кучињата можат да преживеат само една недела без храна и вода“, додал тој.
Да потсетиме, легендарниот актер Џин Хекман беше пронајден мртов заедно со сопругата и кучето во нивниот дом во Ново Мексико. Нивните тела биле пронајдени откако сосед повикал полиција, а се шпекулира дека тие биле мртви две недели пред да бидат пронајдени. По прелиминарните резултати од обдукцијата, утврдено е дека сопружниците не починале од труење со гас или јаглерод моноксид, а полицијата се уште истражува и за се навремено ќе ја информира јавноста.