
Се огласи мајката на Бјанка Ценсори по скандалот на Греми: Немам што да кажам за неа
По скандалот што Бјанка Ценсори и Канје Вест го предизвикаа на доделувањето на Греми наградите, „Дејли Мејл“ ја контактираше нејзината мајка Александра Ценсори за коментар.
Препорачано
„Ние сме само нормални луѓе и сакаме да ги криеме нашите животи од јавноста колку што можеме“, рече нејзината мајка. Што се однесува до Бјанка, таа кратко одговори: „Немам што да кажам за неа, благодарам“.
Со месеци се шушка дека нејзиното семејство е загрижено.
Уште пред овој скандал се пишуваше дека нејзиното семејство е загрижено за врската на Бјанка со раперот, а извори во тоа време тврдеа за странските медиуми дека мајката на Бјанка наводно одлетала во САД со намера да го „спаси“ своето дете, но не можела да дојде до пари.
Минатата година во медиумите се појави вест дека таткото на Бјанка, Лео ги поканил ќерката и Канје во Австралија на сериозен разговор затоа што верувал дека раперот не се однесува добро со Бјанка.
“Требаше да одат во Австралија, но Бјанка не сакаше. Нејзиниот татко мисли дека Канје ја контролира Бјанка и мислам дека тоа нема да биде убаво обединување”, рекол извор за „Дејли Мејл“.
За потсетување, Канје и Бјанка се венчаа во 2022 година, еден месец откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Оттогаш парот привлекува внимание каде и да се појави, најмногу поради нивните модни комбинации.
Раперот на доделувањето на Греми наградите се појави во едноставна црна облека, а Цензори влезе во салата во црна бунда. Откако накратко им позираа на фотографите, Вест, како што забележаа читателите на усните, ѝ рече да „направи сцена“, а Бјанка потоа ја соблече бундата. Прво го покажала задниот дел од аутфитот, а потоа се свртела и покажала дека не носи ништо под проѕирниот фустан.
Странските медиуми објавија дека полицијата потоа ги избркала од настанот, но раперот подоцна се огласил и рекол дека тоа не е вистина.
На својот Инстаграм профил тој сподели фотографија од американскиот телевизиски новинар Дон Лемон.
„Ова е идиотот кој ја започна гласината дека јас и мојата сопруга сме исфрлени од Греми“, напиша тој, користејќи погрден термин за Афроамериканец.
Раперот набрзо потоа ја избриша објавата.