
Се огласи девојката која ја поврзаа со Том Круз: Тој ми е како татко, ментор и учител
Деновиве светските медиуми шпекулираа дека Том Круз е во врска со 37 години помладата шпанско-американска пејачка Викторија Канал, која конечно реши да се огласи на Инстаграм и да ја каже вистината за нејзината врска со познат актер.
Препорачано
Извор за британски „Сан“ (The Sun) изјавил дека Том Круз и Викторија се многу блиски и дека поминуваат многу време заедно. Тие се запознале во јуни оваа година на фестивалот Гластонбери во Англија и оттогаш неколку пати се видени заедно.
Пејачката вчера се огласи на Инстаграм во врска со гласините за нејзината врска со познатиот актер: „Луѓе, ова е буквално лудо, но таблоидите мислат дека излегувам со Том Круз, умрев“.

Таа спомна дека Круз е многу мила личност, прекрасен човек и уметник, но дека тој не ѝ е дечко. Таа рече дека треба навреме да се прекинат гласините и дека никогаш не ни помислила дека ќе мора јавно да зборува за тоа дали е во врска со некого или не.
Таа не застана тука и нагласи дека Круз ѝ е како ментор, полн со почит и многу ја охрабрува. Го спореди со нејзиниот татко, нејзините професори по музика и Крис Мартин, фронтменот на „Колдплеј“. Таа го спореди со сите мудри луѓе кои ја научиле многу во животот.

„И повторувам, јас сум пријател со сите типови на луѓе кои се многу различни. Учиш многу ако си отворен за животот што ти ги носи тие учители“, напиша таа.

