
Се огласи АНБ за хибридните напади: Комуницираме со странски служби, ги проценуваме ризиците и го информираме државниот врв
Откако премиерот Христијан Мицкоски во неделата изјави дека земјава е цел на „хибридни напади“ од „центри на моќ во Македонија и надвор“, од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во одговор за „Слободен печат“ велат дека будно ја следат состојбата со пожарите, разменува информации со институциите, странски партнерски служби и го информира државниот врв.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Откако се запалија три депонии во една недела, од АНБ велат дека засилено преземаат „активности насочени кон идентификација, следење и неутрализирање на поединци и организирани структури кои, директно или индиректно, можат да бидат носители на хибридни закани што ја загрозуваат безбедноста, стабилноста и демократскиот поредок на државата“.
-Во таа насока Агенцијата будно ја следи состојбата со пожарите во континуитет, прибира и разменува информации со државни институции и странски партнерски служби и меѓународни безбедносни организации и прави проценка на ризиците и преку постојана комуникација, навремено го информира државниот врв. Поради законските обврски кои произлегуваат од дејноста која ја опфаќаме, не сме во можност да откриваме повеќе детали – се вели во одговорот за „Слободен печат“.
Од Агенцијата за разузнавање, пак, нема одговор како постапуваат по изјавите на премиерот, а ниту од Кабинетот на претседателката на државата нема информација за тоа дали таа ќе го свика Советот за безбедност.
Среде Вардариште живеат 200 луѓе, дел од нив постојано потпалуваат, вели Тошковски