Се очекува пред Кривичен да биде донесен таткото на Вања

Основен кривичен суд / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Таткото на Вања Ѓорчевска попладнево се очекува да биде спроведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Тој беше на распит синоќа во полициска станица, а денеска на прес-конференција, главниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Габрил Бубевски рече дека посредните докази укажуваат дека организаторите ги добиле информациите од нејзиниот татко за тоа кога девојчето ќе излезе од дома.

-За таткото засега имаме докази дека посредно учествувал во информирањето кога девојчето ќе излезе од дома за да биде земено. Немаме сознанија дека е вмешан во мотивот за убиство. Едно од осомничените лица кажа дека информациите за девојчето ги има од таткото, рече Бубевски на претпладневната прес-конференција, кој дополни дека таткото ги негирал дејствијата.

На прес-конференцијата беше посочено дека првоосомничениот кој е организатор и извршител на убиството е во бегство, додека на тројца од осомничените им е изречен 48-дневен притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот