
„Се каам што се омажив и двата пати“: Мадона одговори на 50 прашања поставени од нејзините обожаватели
Кралицата на поп- музиката, Мадона одговори на 50 прашања поставени од од нејзините обожаватели во новото видео што го објави на својот „ЈуТјуб“ канал и прилично изненади со искреноста.
Препорачано
На прашањето за што се кае, пејачката одговори дека се кае што се омажила.
„Се каам што се омажив и двата пати“, рече Мадона, која беше во брак со холивудскиот актер Шон Пен и британскиот режисер Гај Ричи.
View this post on Instagram
Поп иконата беше во брак со холивудскиот актер Шон Пен од 1985 до 1989 година и со британскиот режисер Гај Ричи од 2000 до 2008 година. Мадона исто така додаде дека повеќе би сакала да биде „прегазена од воз“ отколку повторно да застане пред олтар.
View this post on Instagram
За време на интервјуто пејачката откри и дека моменталната омилена опсесија ѝ е сексот и дека тоа ја одржува во живот, а призна и дека доколку не била пејачка би била учителка.
„Ако сте љубопитна личност и внимавате на животот, никогаш нема да престанете да се инспирирате“, одговори Мадона на прашањето како продолжува да наоѓа инспирација во светот кој толку многу се променил од почетокот на нејзината кариера.
View this post on Instagram
Таа исто така изјави дека би сакала да соработува со американскиот рапер Кендрик Ламар и дека би сакала повторно да соработува со Бритни Спирс, 19 години по објавувањето на нивниот хит „Me Against The Music“.