Илинденскиот пливачки маратон ќе се одржи по 43 пат/Фото: ohrid.gov.mk

Сè е подготвено за одржување на Илинденскиот пливачки маратон

Илинденскиот пливачки маратон по 43 пат ќе се одржи на 2 август. Маратонот ќе се одвива на патеката од Горица до Градското пристаниште во должина од 2,5 километри. Покровител на Илинденскиот пливачки маратон е Општина Охрид.

– Илинденскиот пливачки маратон е настан кој Локалната самоуправа го подржува долги години, а тоа ќе го правиме и во иднина. Покрај тоа даваме поддршка и на други манифестации кои се поврзани со пливањето. Се надевам дека во иднина оваа поддршка ќе се зголеми, особено откако ќе го добиеме покриениот базен. Сето тоа очекуваме да резултира со градење на спортски личности кои што понатака ќе постигнуваат врвни резултати во пливањето. Охрид како туристички град, како град кој што има езеро, треба да вложува во овој спорт, затоа што минатото ни покажува дека големи имиња излегоа во овој спорт и се надевам дека во наредниот период со соодветна инфраструктура и со соодветно вложува од страна на Локалната самоуправа и приватниот сектор ќе добиеме повторно големи имиња во пливањето и кои ќе постигнат врвни резултати – истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Почетокот на трката е закажан за во 10.00 часот во категоријата мажи и 10.30 часот во категоријата жени.

Катерина Стојаноска во име на организаторот на маратонот „Охридски бранови 2008“ истакна дека вкупно пријавени се 44, од кои 29 мажи и 15 жени.

За регуларноста на трката ќе бидат ангажирани 10 судии, додека за безбедноста на пливачите и екипите ќе се грижи Црвен крст од Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот