
СДСМ: Состојбата во Град Скопје е алармантна, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да престанат да се инаетат на грбот на граѓаните
За надминување на кризата во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, СДСМ предлага измена на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив, Владата итно да обезбеди 2,5 милиони литри евро-дизел од државните резерви на нафта, а пратениците во Собранието на да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје.
Препорачано
Јаневска го поддржува протестот на студентите за јавниот превоз
Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје на прес-конференција денеска порача дека состојбата е алармантна и ги повика ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска да се вразумат и да престанат да се инаетат на грбот на граѓаните.
-Не е време за политички обвинувања – време е за носење итни, разумни одлуки за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Скопје, но и сите останати граѓани кои секојдневно престојуваат во Скопје. Советничката група на СДСМ и коалицијата демонстрира зрелост и лидерство во овие тешки моменти. Затоа, денес пред вас изнесуваме неколку разумни предлози за надминување на кризата во Скопје – изјави Јанчева.
Скопје без јавен превоз, граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за превоз
Советничката група на СДСМ предлага измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив.
-Предлагаме, Собранието на РСМ, по скратена постапка, да ги усвои овие измени за да се обезбеди финансиска стабилност на Град Скопје. Нашите пратеници ќе го поднесат овој предлог. Исто така, Владата итно да донесе одлука за доделување субвенции-евро дизел гориво од државните резерви за нафта. Предлагаме Владата да обезбеди 2,5 милиони литри евро-дизел од државните резерви на нафта, кои би биле доволни за функционирање на јавниот превоз до крајот на 2024 година – изјави Јанчева на прес-конференција.
Од СДСМ предложија и пратениците во Собранието да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје.
-Одржувањето на надзорната расправа би било примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интерес. Собранието, како суверен претставник на волјата на граѓаните има легитимно право да расправа за овие прашања – изјави Јанчева.
Таа ги повика сите советници во Советот на Град Скопје да ги поддржат овие предлози и да покажат одговорност.
Скопје без јавен превоз, граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за превоз