СДСМ: СДСМ и граѓаните нема да дозволат иднината на државата да биде загрозена од лажната Левица и нивниот заложник

Левица, со својот опасен популизам, антиНАТО и антиЕУ реторика станува се посилен фактор за загрозување на европскиот пат и напредокот на државта.

Левица, која израсна од движења за социјална правда и еднаквост, во борба за гласови, комплетно го смени правецот и стана опасна десница, која на граѓаните се обидува да им продаде евтин популизам.

Опасноста за иднината на сегашните и идните генерации е што Апасиев во целосно заложништво го зема Мицкоски, кој се докажа како слаб политичар без став и визија и идеолошки обезличеното ВМРО-ДПМНЕ.

Пироманите од Левица, со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во заложништво сакаат државата да ја вратат во неизвеснот и изолација, со внатрешни поделби на граѓаните.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат иднината на државата да биде загрозена од лажната Левица и нивниот заложник

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот