Фото: АНБ

СДСМ најави објавување на вистината за случајот АНБ

Опозициската партија СДСМ соопшти дека ќе започне со објавување на вистината за случајот АНБ.

Оттаму прашуваат зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за наводно следење, власта не ја отпочнува процедурата за декласификација на документите со случајот АНБ.

„Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“ прашуваат од СДСМ.

Денеска во 10.30 часот портпаролката на партијата, Богданка Кузеска ќе одржи прес-конфренција, на која се очекува да зборува за наводите за прислушување на Мицкоски.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.

„Големото уво“ што го прислушувало Мицкоски не слушало

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот