Фото: СДСМ

СДСМ ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“

„СДСМ ги слуша, ги разбира и целосно ги поддржува барањата за граѓанското движење „Кој е следен“. Сметаме дека тие се легитимни, праведни и пред се неопходни“, одговори организациониот секретар на СДСМ, Мартин Костовски на новинарско прашање.

„Ова не се само барања на иницијативата – ова се барања на целото општество и сите граѓани. Ова се гласови на генерација која прашува нешто суштинско: дали некој конечно ќе одговара? И да, време е конечно да има одговорност, целосна и неселективна – дисциплинска, кривична, политичка – за сите институции и поединци кои со своето (не)делување ги довеле граѓаните до опасност и трагедија. Без селекција и без калкулации. Веруваме дека Владата и ЈО ќе бидат доблесни да ги прифатат овие барања за кои илјадници малди маршираа на улиците“, рече Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот