СДСМ партиска зграда/ Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО-ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

„Скопје денеска се соочува со закана од екоцид поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им ветуваа на скопјани решавање на проблемот со депониите. Што добивме по четири години? Елементарна непогода му се случува на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ“, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

„Во „Вардариште“ секој ден гори канцерогено ѓубриште. Стотици илјади скопјани дишат отров, а Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски бесрамно молчат и ништо не преземаат. Чадот од депониите е директна закана за здравјето на граѓаните и потврда за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту едно ветување за депонијата „Вардариште“ не е исполнето. Ниту едно ветување за „Дрисла“ не е исполнето. Наместо современ центар за управување со отпад, „Дрисла“ повторно станува црна точка и извор на загадување за целиот град. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за негрижа и уништување на Скопје. Наместо решенија, тие му донесоа на градот еколошка катастрофа“, додаваат од опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот