Ли Џае Јонг/ Фото EPA-EFE/KIM MIN-HEE/POOL

„Самсунг“ го назначи осудениот наследник за извршен директор

Ли, кој беше осуден за поткуп и проневера во 2017 година, доби специјално претседателско помилување во август 2022 година.

Јужнокорејскиот гигант „Самсунг“ го назначи осудениот наследник и де факто шеф Ли Џае Јонг за свој извршен директор, јави Би-Би-Си.

Симболичниот потег значи дека најголемиот светски производител на мобилни телефони сега официјално ќе биде управуван од третата генерација на неговото основачко семејство.

Ли, кој беше осуден за поткуп и проневера во 2017 година, доби специјално претседателско помилување во август. Тој двапати бил уапсен поради поткуп на поранешен претседател.

„Одборот ја наведе моменталната несигурна глобална деловна средина и итна потреба за посилна одговорност и деловна стабилност при одобрувањето на препораката“, се вели во соопштението на компанијата.

Најавата ја формализира улогата што Ли всушност ја има од 2014 година. Тој ја презеде функцијата откако неговиот татко, починатиот претседател на „Самсунг Груп“ Ли Кун-хи, беше хоспитализиран. Тој почина во 2020 година.

Ли Џае Јонг и Џо Бајден/ Фото EPA-EFE/KIM MIN-HEE/POOL

54-годишниот Ли е потпретседател на „Самсунг Електроникс“, една од најголемите компании во Јужна Кореја, од 2012 година.

Во август минатата година, Ли беше ослободен од јужнокорејски затвор на условна слобода, откако одлежа 207 дена во затвор. Тоа беше нешто повеќе од половина од казната што ја доби откако беше осуден во јануари.

Во соопштението, кабинетот на тогашниот претседател Мун Џае-ин рече дека неговото ослободување е направено во национален интерес и побараа разбирање.

„Добро сме свесни дека постојат поддржувачки и спротивставени ставови за условното ослободување на Ли Џае Јонг. Ставовите на луѓето кои се против се исто така во право“, се вели во извештајот.

Во тоа време, Министерството за правда на земјата соопшти дека донело одлука да го ослободи Ли откако ги разгледал ефектите од пандемијата врз економијата на Јужна Кореја и глобалните пазари.

Една година подоцна, тој беше помилуван од новиот претседател Јун Сук-Јол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот