Сеул млади/ Фото EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Самоубиства на неколку млади јавни личности во Јужна Кореја, се потпишува петиција против сајбер булингот

Илјадници жители на Јужна Кореја потпишаа петиција со која се повикува за крај на малтретирањето кое го доживуваат младите на социјалните мрежи.

Во Сеул, за само неколку дена и одбојкарката Ким Ин-Хјеок и инфлуенсерката Чо Јанг-ми си ги одзедоа животите, пишува Би-Би-Си. Двајцата млади биле мета на онлајн навреди и критики.

Сајбер булингот за јавните личности е сериозен проблем за Јужна Кореја, откако во претходните години неколку познати личности извршија самоубиство, пишува Гардијан.

Петицијата започна по самоубиството на инфлуенсерот Чо Јанг-Ми (27), кој беше пронајден мртов во својот дом на 5-ти февруари. Од неговото семејство тврдат дека ужасните навреди на социјалните мрежи се причина за неговото самоубиство, пишува Јонхап.

Приказната за младата Чо Јанг-ми е навистина тажна. Имено, таа во 2019-та година била обвинета дека во едно од нејзините видеа рекла дека „мрази мажи“. Нејзината мајка, која ги следела коментарите на социјалните мрежи, се самоубила во 2020-та година, што ја натера самата Чо да започне борба против онлајн булингот.

Петицијата засега е потпишана од над 150 илјади Јужнокорејци, кои повикаа да бидат казнети оние кои испраќаат навредливи коментари на социјалните мрежи.

Смртта на Чо дојде неколку дена по смртта на Ким Ин-хјеок, 28-годишна одбојкарка од клубот Даежон Самсунг.

„Луѓето кои немаат поим која сум всушност јас испраќаат безброј негативни коментари и пораки кога и да имам натпревар. Навистина е тешко да се справам со ова. Ве молам престанете“ напиша таа на нејзиниот Инстаграм профил неколку дена пред самоубиството.

По нејзиното самоубиство, јужнокорејскиот актер Хонг Сеок-чеон ги критикуваше луѓето кои оставаат вакви коментари и пораки на социјалните мрежи.

„Запамтете ги младите кои се самоубија само поради кликови. Пак ќе кажам, со вашите коментари вие сте убијци“ вели актерот Хонг.

Ваквите самоубиства на јавни личности не е новост за Јужна Кореја.

Имено, во 2019-та година, актерката и пејачка Сули беше пронајдена мртва откако со години се соочуваше со онлајн малтретирање. Тогаш, поголем број познати личности повикаа да се стави крај на сајбер булингот, но очигледно тоа е се уште сериозен проблем за оваа држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!