Ангела Андоновска - Соло пеачка - Сопран - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Ангела Андоновска - Соло пеачка - Сопран - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

Само со работа, посветеност и фокус на својот пат може да остварите успех, вели сопранистката Ангела Андовска

За неа синоним е ангелскиот глас кој води до победи. За моќта на нејзиниот глас сведочат бројни признанија и награди како прва награда-лаурeат на фестивалот „Шопен“ и втора награда на натпреварот „Руски романси“. Станува збор за Ангела Андовска, сопранистка и студентка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, која беше гостинка во студиото на „Слободен печат“.

Патиштата на музиката и Андовска се преплетуваат уште од најмала возраст благодарение на нејзината фамилија која ја поттикнала да истражува повеќе за нејзиниот глас, поради што се запишала и во нижото музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во класата на професорката Гонца Богоромова.

– Со пеење се занимавам од многу мала возраст, благодарение на татко ми кој откри дека имам талент. Мојата музичка приказна започнува уште на мои 8 години, бев фокусирана на рок и поп музика, поточно тоа што го слушаа моите родители. Потоа почнав да се натпреварувам во основно училиште, каде мојата наставничка откри дека можеби малку повеќе треба да се вложи во мене и се запишав во нижото музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во класата на професорката Гонца Богоромова -вели Андовска.

Ангела Андовска - Соло пејачка - Сопран - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Ангела Андовска – Соло пејачка – Сопран – Фото – Слободен печат – Методи Здравев

Сопранистката се наоѓала на крстопат помеѓу поп музиката и класичната музика, а причината зошто одлучила да „се проба“ во класичната музика е токму нејзината сестра која ја мотивирала да направи таков чекор.

– Многу често слушав дека никој не сака класична музика ниту опера, и морам да признаам дека тоа малку „ми влезе во глава“ и мислев дека повеќе ќе се пронајдам во поп музиката. Еден ден, мојата сестра „ме седна“ и ми рече дека можеби сепак треба да се пробам во класичната музика, па ако не успеам, никому ништо, секогаш ми е отворена и другата врата – додава таа.

Ангела Андовска - Соло пејачка - Сопран - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Ангела Андовска – Соло пејачка – Сопран – Фото – Слободен печат – Методи Здравев

Процесот на подготовка за настап или натпревар е прилично долг и би рекле дека се брои во месеци. Андовска, ни опиша подетално како изгледа тој процес:

– Ја добивам композицијата која треба да ја изведам, го читам текстот, пред сѐ морам да го разберам текстот, морам да ја знам улогата и каков е нејзиниот карактер, конкретно за што се работи, за што пее. Потоа ги разгледувам тоновите со кои морам ритмички да расчистам, како и мелодиски. За една композиција „да легне“ потребно е многу време, не секогаш звучи совршено од првпат кога ќе се изведе, дури секогаш може подобро. На крајот останува интерпретација каде што треба да се влезе во улогата, да се ужива и буквално да се чувствуваме како ние да сме таа улога – рече сопранистката.

Зад себе има многу натпревари и соработки, а како некои на кои е најгорда ги одвои нејзиниот прв настап надвор од Македонија, во „Авелино“, Италија, прва награда – лауреат на фестивалот „Шопен“ натпреварот „Руски романси“, соработките со камерниот оркестар, бројни настапи на интернационални сцени како во Академијата во Брно во Чешка, Андрета во Италија, како и на домашна територија во Националната опера и балет како и Филхармонијата на Македонија.

Ангела Андовска - Соло пејачка - Сопран - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Ангела Андовска – Соло пејачка – Сопран – Фото – Слободен печат – Методи Здравев

Во интервјуто зборувавме и за нејзиниот пат до успехот, па сопранистката Андовска упати порака и совет до сите уметници од нејзиното поле.

-Секој што има сон да успее во музиката или пеењето, никогаш не треба да сопре. Да не се демотивираат, ќе има многу падови и подеми, многу често ќе се случува да се споредуваат , но би ги советувала никогаш да не се споредуваат. Секогаш да го гледаат својот пат и својот успех и секогаш да гледаат да бидат подобри од она што биле вчера. Тоа е единствениот начин да се постигне успех. Ги советувам да работат, да се посветени и да го гледаат својот пат, бидејќи само врз нивниот пат имаат контрола – изјави сопранистката Андовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот