Само четири клуба од Серија А биле за скратување на лигата

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Се најавуваше дека Италијанците сакаат промена во Серија А со скратување на лигата на 18 клубови, меѓутоа тоа нема да се случи.

Според последните информации само четири клуба гласале за кратење на лигата и поради тоа идејата била отфрлена. Главни „заговорници“ за кратење на лигата биле Јувентус, Милан, Интер и Рома, сепак сите останатите биле против.

Критики на сметка на овие клубови испрати првиот човек на Торино, Урбано Каиро.

„Тоа што тие сакаат да го направат е еден вид „мини Суперлига“, денешниот состанок потврди дека најголем дел од клубовите сакаат да го задржат овој формат со 20 клуба бидејќи останатите водечки лиги како англиската и шпанската имаа исто толку. Овој состанок беше пријателски, иако се случи во погрешно време. Ние како клубови сме на иста страна, меѓутоа се доби впечаток дека недостигаше респект од одредени страни“, изјави Каиро.

Инаку во Серија А учествуваат 20 клубови од сезоната 2004/2005 кога се направи проширување на лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот