Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Салвини: И јас како Трамп, само што тој има нешто повеќе милијарди и години

„Сакам да кажам дека сум горд на тоа што го направив и да држам главата високо. Нашиот Устав вели дека одбраната на нашата татковина е света должност на граѓаните на Италија“, рече Салвини, кој би можел да се соочи со казна од 15 години затвор.

Италијанскиот опозициски лидер Матео Салвини се спореди со претседателот на САД, откако Сенатот изгласа одбрување на обвинителите да започнат постапка против него.

Италијанскиот Сенат им дозволи на обвинителите да започнат судење за Салвини за наводно киднапирање на 132 мигранти на брод, додека ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи. Настанот се случи минатиот јули, додека чекаше од други европски држави да се согласат да ги примат мигрантите.

Во дебатата пред гласањето во Сенатот, поранешниот шеф на италијанското МВР рече дека би бил горд да му се суди за одбрана на границите на Италија. Комисијата минатиот месец гласаше за укинување на неговиот парламентарен имунитет. Сенатот во средата потврди – Салвини може да оди на суд.

„Јас, како Трамп?“, напиша тој на Твитер по гласањето на италијанскиот Сенат.

– Тој има нешто повеќе милијарди и години, но е лоша навиката на левицата ширум светот да победува преку суд. Сакам да кажам дека сум горд на тоа што го направив и да држам главата високо. Нашиот Устав вели дека одбраната на нашата татковина е света должност на граѓаните на Италија – рече Салвини, кој би можел да се соочи со казна од 15 години затвор.

Политичката ситуација во Италија му дава „ветер во грбот“ на Салвини во овој процес. Се смета дека процесот може да трае со години, а поучен од искуството на поранешниот премиер Силвио Берлускони, Салвини знае дека и дури ако биде осуден, тоа никако не го означува крајот на неговата политичка кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот