
Салма Хајек има 58 години, но не ја фарба косата – откри што користи за да ги прикрие белите влакна
Холивудската ѕвезда и продуцентка Салма Хајек Пино, на 58-годишна возраст, отворено зборува за својот пристап кон убавината и стареењето, нагласувајќи дека не користи филери, ниту ја бои косата, туку се потпира на природност и креативност.
Препорачано
Во интервју за престижниот „Вог“, познатата актерка нагласи дека нејзина цел е да го прифати она што ѝ го донеле годините.
„Не сакам да изгледам пренатрупано. Сите се премногу дотерани и изгледаат убаво, но тоа не е изгледот што го сакам за себе“, призна познатата Мексиканка.
Иако повремено го користи неинвазивниот третман Ultherapy Prime, Салма претпочита шминка наместо филери, со кои дополнително го контурира лицето. На почетокот на својата рутина за убавина, таа ја користи кремастата сенка за очи на Викторија Бекам, која ја нанесува на образите и носот, создавајќи ефект на сенчење и дополнителен акцент на цртите на лицето.

Откако ќе нанесе фиксирачка пудра, таа посегнува по коректорот од истата марка, истакнувајќи дека таквата комбинација бара вештина и „совршен допир“. Контурирањето го завршува со бронзер, а образите дополнително ги истакнува со розово руменило од Гучи.
Интересно е што Хајек не ја бои косата, туку користи маскара за да ги покрие белите влакна на косата.
„Не ја бојам косата, но користам маскара за малку да ги дотерам прамените и да ги вклопам со остатокот од косата“, открива таа.
Актерката вели дека е важно рутината за убавина да се адаптира со текот на годините и да се биде отворен за нови трикови.
„Можеби она што функционирало порано веќе не функционира. Добро е да се биде авантуристички настроен, креативен и да се обидуваш да се забавуваш додека го правиш тоа“, советува Хајек Пино, додавајќи дека научила многу трикови од нејзината баба, која била опседната со убавината.