Фото: „Независен“ (nezavisen.mk)

„Сакаме воздух!“: Нов граѓански протест во Аеродром

Вечерва, шести ден по ред, жители на скопската населба Аеродром протестираа, изразувајќи револт од постојаното загадување на воздухот што го трпат поради пожарите на депониите „Вардариште“ и „Дрисла“

„Сакаме воздух!“, извикуваа учесниците, кои од крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и вечерва маршираа до пред зградата на општината.

Децата беа најбројни и најгласни. Гордо ги носеа транспарентите, што претходно сами ги напишаа.

„1 од 9 деца умираат од загаден воздух“, „Дојди на блокади – аир (air) да видиш“, „Премиерот дише ист воздух или има друг“, се дел од транспарентите кои ги носеа децата и возрасните.

ФОТО+ВИДЕО | Најмасовен протест досега против загадувањето од „Вардариште“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот