Кристофер Хил/ Фото Youtube screenshot

САД: Вучиќ лаже за санкции против српската нафтена индустрија

„Нема извештаи за воведување санкции против „Нафтената индустрија на Србија“ (НИС). Конечната одлука за ова прашање нема да влијае на српската економија, изјави американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, во интервју за РТС, пренесе БГНЕС.

„Можам да ви кажам дека откако Русите го купија НИС, постои голема загриженост за тоа, бидејќи таа е единствената рафинерија во Србија и бидејќи е мнозинска сопственост на Русите, со години загрижува многу луѓе. Оваа загриженост е зголемена со фактот дека Русија продолжува да води варварска војна против Украина“, рече Хил.

Тој додаде дека постои загриженост дали НИС во руски раце може да помогне во финансирањето на војната и дека тоа се легитимни прашања што треба внимателно да се разгледаат. Рускиот гасен монопол Газпром поседува 56,15 отсто од НИС, а 29,87 отсто е во сопственост на српската држава.

„Ќе видиме каков ќе биде резултатот. Сакам да ве уверам дека конечната одлука во никој случај нема да влијае на српската економија. Ние сме многу заинтересирани Србија да продолжи да има многу успешна економија и да ја задржи добрата стапка на раст што е постигната“, истакна Хил.

На 16 декември српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе започне разговори со Русите и Американците во врска со наводното воведување санкции за „Нафтената индустрија на Србија“ (НИС). Тој ова го соопшти по средбата со претставници на Безбедносно-информативната агенција (БИА), на која се разговарало за воведување санкции против српската компанија. Амбасадорот на САД оцени дека односите меѓу Белград и Вашингтон се добри и дека е создадена добра платформа за понатамошен развој.

„Мислам дека е многу важно да се разбере како можеме да одиме напред во областа на енергетиката, што е клучно прашање во Србија, бидејќи потребите за енергија на оваа земја ќе растат. И мислам дека го зголемуваме капацитетот да разговараме за стратешки прашања, а не само за билатерални“, рече Хил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот