Нетанјаху Рубио средба Фото: ЕПА

САД немаат подобар сојузник од Израел, Израел нема подобар сојузник од САД

Соединетите Американски Држави немаат подобар сојузник од Израел, а Израел нема подобар сојузник од САД, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по средбата со американскиот државен секретар Марк Рубио.

Нетанјаху оцени дека посетата на Рубио на Израел е јасна порака дека САД стојат покрај Израел, кој е „соочен со терор, антисемитизам и слаби влади кои го демонизираат Израел“, пренесува Ројтерс.

„Ќе продолжиме да дејствуваме заедно со голема сила за да ги заштитиме нашите две земји“, рече Нетанјаху.

Тој ја пофали одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја нападне нуклеарната програма на Иран и додаде дека Израел останува посветен на ослободување на сите заложници и уништување на Хамас.

„Трамп покажа храбри и постојани лидерски потези и јасни чекори за да ги направи билатералните односи меѓу двете земји посилни од кога било“, рече Нетанјаху.

Рубио отпатува во Израел за да му го пренесе на Нетанјаху незадоволството на САД поради неодамнешниот израелски напад врз Доха, Катар, под изговор за напад врз седиштето на Хамас.
Средбата меѓу Рубио и Нетанјаху траеше околу час и половина, по што започна продолжен состанок со нивните помошници.

Во пресрет на состанокот, Рубио објави дека ќе разговара со Нетанјаху за воените планови на Израел за освојување на градот Газа, како и за намерата на Израел да анектира делови од окупираниот Западен Брег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот