САД ги повикаа ирачките власти да ги заштитат американските сили на нивна територија од нападите на проиранските милитантни групи

Американската војска денеска ја повика ирачката Влада да ги заштити американските војници во оваа земја и во Сирија, по неуспешните напади на проиранските милитантни групи врз американската воена база.

-Ја повикуваме ирачката Влада да ги преземе неопходните чекори за да ја осигура безбедноста на американските сили во Ирак и Сирија против нападите на овие групи. Доколку овие напади продолжат, нема да се двоумиме да ги браниме нашите сили, како што правевме во минатото, изјави портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Нападите врз американските бази во претходните денови доаѓаат по повеќемесечна пауза, откако тројца американски војници беа убиени во Јордан во јануари.

САД во Ирак имаат распоредено 2.500 војници, а во источна Сирија уште 900.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот