САД ги ограничува визите за „бруталните претставници на кубанскиот режим“, меќу кои го вброи и претседателот Дијаз

Државниот секретар на САД Марко Рубио изјави дека Вашингтон ги ограничува визите „за претставниците на кубанскиот режим: претседателот Дијаз-Канел, министерот на револуционерни вооружени сили Алваро, Лопез Миера, министерот за внатрешни работи Лазаро, Алварез Касас и соработниците поради нивната улога во бруталноста на кубанскиот режим кон кубанскиот народ“.

Ограничувањата за кубанските лидери ќе влијаат и на нивните најблиски членови на семејствата, пренесе германската агенција.„Стејт департментот, исто така, го додаде контролираниот од режимот „Торе К“ на кубанската листа со ограничувања за да спречи американските долари да ја финансираат репресијата на кубанскиот режим“, рече Рубио во објава на X.

„Додека кубанскиот народ страда од недостиг на храна, вода, лекови и електрична енергија, режимот расфрла пари на своите луѓе одвнатре“, додаде Рубио.

Шефот на кубанската дипломатија, Бруно Родригез, одговори на X дека, иако „САД имаат капацитет да воведат патни ограничувања и казни против револуционерните лидери и да водат продолжена и сурова економска војна против Куба… тие немаат капацитет да ја скршат волјата на овој народ или неговите лидери“.

Во јули 2021 година во неколку градови на Куба беа одржани демонстрации за слобода и против репресијата и лошото политичко владеење. По масовните протести, стотици демонстранти беа осудени на затворски казни.Рубио во синоќешната изјава наведе дека кубанскиот режим „неправедно“ притворил илјадници луѓе, „вклучувајќи над 700 лица кои сè уште се затворени и се подложени на тортура или злоупотреба“, пренесе ДПА.

„Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) вчера соопшти дека стотици од уапсените во протестите преживеале сериозна злоупотреба додека биле во затвор.

„Пред четири години, кубанската Влада започна репресија врз илјадници Кубанци кои мирно излегоа на улиците барајќи права и слободи“, рече директорката на HRW за Америка, Хуанита Гоебертус, додавајќи дека и „денеска, стотици и натаму се зад решетки во ужасни услови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот