
Сабрина Карпентер: Мажите се хаос, но без нив нема хит
Пејачката Сабрина Карпентер отворено зборуваше за мажите во интервју за „Вог Италија“. Таа верува дека жените „секогаш мора малку да ги воспитуваат мажите“ и дека новите генерации ќе бидат подобро образовани. Љубовните приказни често се нејзина инспирација, пренесува „Ју-ес Магазин“.
Препорачано
– Тие се забавен вид за гледање и на позитивен и на негативен начин – рече пејачката и додаде дека некои ја правеле среќна и посебна, додека други само ја доведувале во заблуда па дури и ја исмејувале.
– Во животот, мора да можеш лесно да ги прифатиш моментите што те прават да се чувствуваш непријатно, барем така јас гледам на тоа. Целиот мој живот мислев дека тоа е всушност чувство за хумор. Хуморот, покрај тоа што буквално ме спаси, ме научи како да се заштитам и да се подготвам за иднината. Кога мојата пријателка објави дека очекува син, искрено се израдував бидејќи знам дека ќе биде воспитан како што треба. Исправете ме ако грешам, имам само 26 години, но ми се чини дека отсекогаш сме морале некако да ги воспитуваме. За жал, тоа е приказна стара колку и времето – додаде таа на шега.
Таа често ги преведува своите љубовни искуства во текстови. По раскинувањето со актерот Бери Кеоган, обожавателите веднаш ги поврзаа неговите песни во песните „Manchild“ и „Bed Chem“.
– Се чувствувам прилично транспарентно влегувајќи во секоја врска што ја имам, дека пишувам песни. Поголемиот дел од времето тие биле доста поласкани кога добивале песна за нив, добра или лоша. Мислам дека се само возбудени што се споменуваат – објасни таа во интервју за „Си-би-ес морнинг“.
View this post on Instagram
Таа додаде дека верува дека со хуморот ќе „ја привлече токму личноста што треба да ја привлече“. И додека обожавателите ја обожаваат нејзината искреност, критиките никогаш не недостасуваат. Продуцентот Пит Вотерман ги нарече нејзините настапи „навредливи“, но Сабрина возврати во свој стил:
– Ако не можете да поднесете девојка која е самоуверена во својата сексуалност, тогаш немојте да доаѓате на моите концерти.
Таа, исто така, потсети дека Ријана, Бритни Спирс и Мадона поминале низ истите приказни.