
Сѐ уште гори електричен отпад во Трубарево, изгаснати 28 пожари за еден ден
Еден пожар е активен на планината Кожуф, во близина на селото Петрово во Општина Гевгелија, каде што е зафатена букова шума, а друг пожар има на планината Добра Вода во Општина Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација.
Во земјата биле регистрирани вкупно 34 пожари на отворено, во изминатото деноноќие, до 7 часот утринава. Од нив, 28 се целосно изгаснати, два пожара и понатаму се активни, а четири се под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Препорачано
Едниот активен пожар е на планината Кожуф кај селото Петрово, Општина Гевгелија, каде што гори букова шума. Вториот е на планината Добра Вода во општина Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација.
Од ЦУК велат дека четири пожари се ставени под контрола. Два пожара се во Општина Гази Баба, во селата Трубарево каде што повеќе од една недела гори електричен отпад и во селото Виниче каде што гори нискостеблеста шума.
Еден пожар под контрола има во Општина Студеничани, кај селото Батинци, каде што горат ниска вегетација и мешана шума. Под контрола е и пожарот на депонијата во селото Бали, Општина Кочани.
Во последниот ден, пожарникарите успешно изгаснале 28 пожари.