Фото: EPA-EFE/HANNAH MCKAY / POOL

Сѐ повеќе медицински сестри ја напуштаат професијата заради нивниот нерешен статус

Глобалните политики со кои се занимава Светската здравствена организација акцентираат дека е потребно да се инвестира во медицинските сестри затоа што до 2030 година на светот ќе му недостасуваат девет милиони медицински сестри

Унијата на Здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“, во Битола ја одбележа неделата на сестринството која годинава се слави под мотото „Нашите сестри. Нашата иднина, грижата за сестрите ја зајакнува економиите“.

Медицинските сестри не се само алки во здравствениот систем туку тие се суштинскиот дел во здравствените системи и затоа инвестицијата во медицински сестри и инвестиција во здрава нација, порача, Гордана Бешлиовска, претседателка на здружението „За Нас“.

-Глобалните политики со кои се занимава Светската здравствена организација акцентираат дека е потребно да се инвестира во медицинските сестри затоа што до 2030 година на светот ќе му недостасуваат девет милиони медицински сестри. Во светот глобален проблем е тоа што медицинските сестри освен што мигираат туку тие и ја оставаат својата професија и заминуваат од професијата пред се заради нивниот нерешен статус, условите кои ги имаат за работа и секако недоволна платеност наспроти одговорностите – посочи Бешлиовска.

Во изјава за медиумите, претседателката на здружението „За Нас“ истакна дека на медицинските сестри им е потребна автономноста за како што рече да знаат за што конкурираат на работните места.

-Ако докторите имаат своја специјалност, тогаш тоа е потребно и за медицинските сестри за кои посебно е важен кариерниот развој. Во Битола е расадникот за медицински сестри, тука е Високата медицинска школа, тука е и првото средно медицинско училиште формирано во 1947 година, но потребно е образованието да произведува што повеќе кадар соодветно на сондажата од терен и затоа потребни се дополнителни паралелки со специјални програми за медицински сестри – истакна Бешлиовска и најави дека доколку до крајот на овој месец не се реализираат ветените конкурси за вработување на медицински сестри со договор на дело тогаш силно ќе го кренат гласот.

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“ на свеченоста во Битола порача дека ќе продолжи да ја брани професијата со едукација, ќе се бара исполнување на ветеното со цел подигнување на вредноста на пациентите и ќе бара европски лик и имиџ на медицинската сестра во земјава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот