Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Руте: Шокирани сме, Путин е подготвен да ја продолжи војната
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека руските напади врз Киев синоќа, кои погодија цивилни области и дипломатската мисија на ЕУ во Киев и убија најмалку 18 лица, покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја продолжи војната.
Препорачано
„Сите сме шокирани од она што се случи, пред сè затоа што ова се напади кои не се врз воени цели; ова се цивилни цели. Додека се обидуваме да направиме сè за да го поддржиме американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши оваа војна, во меѓувреме, рускиот претседател Путин е подготвен да ја продолжи, да продолжи да напаѓа невини цивили во Украина“, рече тој на прес-конференција во германскиот град Вирцбург.
Тој истакна дека денес се консултирал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и со високата претставничка за надворешни работи, Каја Калас, по рускиот напад врз мисијата на ЕУ во Киев, објави германската N-TV.
„Нападот уште еднаш докажува дека не смееме да бидеме наивни во врска со Русија“, предупреди Руте.
Сепак, тој рече дека Русија е способна за хибридна војна.
„Доколку сметаат дека е потребно, можат дури и да извршат атентат“, нагласи Руте.
Според него, Русија се обидува да го наруши и цивилниот воздушен сообраќај, на пример во Германија и балтичките држави.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
12мин
-
20мин
-
30мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5