Руското МВР распиша потерница по братот на Алексеј Навални

Братот на Навални / Фото Икс

Четири дена по смртта на 47-годишниот Алексеј Навални, најжестокиот критич на рускиот претседател Владимир Путин, руското МВР распиша потерница и поведе нова кривична постапка против неговиот брат Олег. Руските агенции за спроведување на законите не прецизираат по кој член од Кривичниот законик е поведен случајот, пренесува Форбс. 

Ова не е прв случај на руските власти против Олег Навални. Во 2014 година тој беше осуден на три и пол години затвор поради обвинение за измама, а во 2021 година беше условно осуден на една година зад решетки поради прекршување на санитарните и епидемиолошки мерки за ковид-19.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот