Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Рускиот дрон што падна во Летонија, носел експлозив за напад на Украина
Рускиот воен дрон кој се урна во Летонија носел експлозив кој најверојатно бил наменет за напад на Украина, но леталото залутало во воздушниот простор на балтичката држава, соопштија денеска летонските власти.
Препорачано
Романија и Летонија, членки на НАТО кои ја поддржуваат Украина во нејзината двегодишна војна против Русија, вчера објавија дека истражуваат руски дронови кои се урнале откако влегле во нивниот воздушен простор.
Леталото што падна во Летонија е ирански произведен дрон Шахед, изјави командантот на летонските вооружени сили Леонидс Калнинс.
Експлозивот на дронот, кој најверојатно бил наменет за Украина, беше деактивиран откако леталото беше пронајдено во Летонија, изјави Калнинс за новинарите.
Дронот се урна во реонот на селото Гајгалава на околу 90 километри од границата со Белорусија, од каде што навлезе во воздушниот простор на балтичката земја, соопшти денеска летонското Министерство за одбрана.
Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, вчера ги критикуваше инцидентите како „неодговорни и потенцијално опасни“, но рече дека нема индикации дека станува збор за намерен напад врз земјите-членки на Алијансата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
9мин
-
18мин
-
25мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5