Руски воен блогер пронајден мртов неколку дена по известувањето за огромни руски загуби во Авдиивка – „извршил самоубиство“

Про рускиот воен блогер, Андреј Морозов, пронајден мртов само неколку дена откако објави дека Русија претрпела огромни загуби за време на нејзиниот напад врз украинскиот град Авдиивка.

Рски државни новински агенции и весници објавија дека тој извршил самоубиство.

Морозов, познат како „Мурц“ на Телеграм, тврдеше дека Москва изгубила околу 16.000 војници и 300 оклопни возила откако го започнала својот напад во октомври.

Ваквиот негов пост наиде на остри критики од неколку руски пропагандисти и оттогаш е избришан и неговиот профил на Телеграм.

Морозов претходно се пожали дека бил малтретиран поради неговиот извештај за Авдиивка и рече дека му било наредено да ја избрише објавата од некој што тој го опиша како „другар полковник“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот