
Руски борбени авиони летале ниско над полска нафтена платформа – НАТО на готовс?!
Полска во петокот ја обвини Русија за нарушување на „зоната на безбедност“ околу нафтена платформа во Балтичко Море, откако два авиона ловци прелетале ниско над инсталацијата „Петробалтик“, објави „Њузвик“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Полската гранична служба соопшти дека воени и други власти биле алармирани по инцидентот, кој го нарече нарушување на безбедноста околу офшор-објектот.
Инцидентот се случува нешто повеќе од една недела откако авионите на НАТО соборија руски дронови над Полска, што ја зголеми загриженоста дека војната во Украина може да се прошири и надвор од нејзините граници.
Остатоци од руски дрон пронајдени уште во една земја членка на НАТО
Настанот во Балтичкото Море се случи истиот ден кога Естонија повика руски дипломат на разговор за да протестира поради, како што го нарече, „невидено дрско“ нарушување на воздушниот простор.
Министерството за надворешни работи соопшти дека три руски ловци во петокот влегле во естонскиот воздушен простор без дозвола и останале таму 12 минути – четврто вакво нарушување годинава. Естонскиот министер за одбрана, Хано Певкур, рече дека владата ќе започне консултации со сојузниците од НАТО согласно член 4, поради, како што го опиша, уште една руска агресија.
Платформата „Петробалтик“ е нафтено-гасна инсталација управувана од „Орлен Петробалтик“, подружница на полската државна енергетска компанија „Орлен“. Се наоѓа во исклучивата економска зона на Полска во Балтичкото Море и е единствената офшор-нафтена платформа во земјата – стратешки енергетски објект што произведува сурова нафта и природен гас уште од крајот на 1980-те.
„Зоната на безбедност“ претставува заштитен појас воспоставен околу објекти или операции – како нафтени платформи или воени вежби – со цел да се намали ризикот, но таа нема иста правна тежина како воздушниот простор, кој претставува суверена територија над земјата и водите на една држава, каде што неовластено влегување се смета за повреда на националните граници.
Остатоци од руски дрон пронајдени уште во една земја членка на НАТО